Супер-куп на АБА: Црвена звезда со „шлаканица“ за Будуќност до трофејот

Црвена звезда е освојувач на Супер-купот на АБА-лигата на турнирот чиј домаќин беше Игокеа, откако „црвено-белите“ во големото финале го декласираа Будуќност со убедливи 89-75. Репризата од финалето од минатата сезона мина во апсолутна доминација на белградскиот тим, кој со „шлаканица“ за Џикиќ и неговите избраници најави дека планира експресно да се врати на тронот во регионалното натпреварување.

Пресудно беше првото полувреме во кое Црвена звезда одигра феноменално во нападот, постигнувајќи дури 57 поени (32-57), практично решавајќи го прашањето на победникот. Јасно беше дека не може да се продолжи во ист стил  до крајот на финалето, но „црвено-белите“ рутински ја одработеа задачата до крајот, триумфирајќи со конечни 14 поени разлика иако на две минути до крајот предноста изнесуваше „плус 20“.

Фаје со 14 и Цирбес со 13 поени беа најдобри поединци кај „црвено-белите“, додека прв стрелец на Будуќност беше Баровиќ со 19 поени.

Се вчитува...