Супер-малер: Кутињо замина во Барса за трофеј во ЛШ, а оттогаш Ливерпул двапати стигна до финале

Бразилскиот ас Фелипе Кутињо за огромна сума од 145 милиони евра пред две сезони од „Енфилд Роуд“ се пресели на „Камп Ноу“ со желба да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Но, очигледно дека „ја промаши тактиката“. Од неговото заминување, Барселона не успеа ниту да стигне до финалето во елитното европско натпреварување, а Ливерпул во Мадрид ќе се обиде да го надомести пропуштеното од Кардиф, двапати последовно ќе биде дел од финалната пресметка.

Кутињо не успеа ниту да го надмине психолошкиот притисок и беше еден од најслабите поединци во составот на Ернесто Валверде во двомечот против Ливерпул.

Се вчитува...