Кошмарите на Ансу Фати со честите повреди на почетокот на кариерата на овој суперталентиран фудбалер продолжија и синоќа, кога „десетката“ на Барселона заработи незгодна повреда во продолжението од дуелот од Копа дел реј против Атлетик Билбао.
Барса го загуби натпреварот и беше елиминирана, но тренерот Чави има причина плус за загриженост, откако беше обелоденето дека повредата на Фати воопшто не е наивна. Според првичните лекарски прегледи, станува збор за кинење на мускулни влакна на левата нога. Деталните прегледи ќе покажат колку долго ќе отсуствува крилниот офанзивец, но во Барса стравуваат дека паузата на овој малерозен играч би можела да изнесува и повеќе од два месеци.
Проблемите се уште поистакнати ако се знае дека војната со Дембеле кулминираше, па францускиот офанзивец беше изоставен од тимот за Билбао, со јасна порака дека или ќе потпише нов договор, или ќе гледа фудбал само од трибините до крајот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА