Супер-малер: Жота даде гол и пак се повреди

Диого Жота е еден од најмалерозните фудбалери во Премиер-лигата сезонава, откако португалскиот голгетер заработи нова повреда на дуелот со Фулам на кој успеа да се запише меѓу стрелците.

Жота штотуку се врати на терените по два месеци пауза (претходно исто така паузираше неколку месеци поради незгодна повреда), доби шанса во стартниот тим и ја оправда довербата на Јирген Клоп, но се пожали на повреда која не е наивна, па Португалецот ќе мора да отсуствува извесен период од терените.

„Диого даде гол, па се пожали дека почувствува нешто во мускулот. По прегледите увидовме дека не е само нешто, туку мора да сме претпазливи за да не ризикуваме. Тој ќе паузира две седмици. Освен тоа, немаме други проблеми“, изјави Клоп пред утрешното гостување против екипата на Евертон.

Се вчитува...