„Супер Нено“ и Валенсија ја „треснаа“ моќната Барселона

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија стигнаа до голем триуфм на домашен терен против моќната Барселона со 86-76. Димитријевиќ беше најдобар поединец во својот табор и го водеше тимот на Валенсија до голема победа.

Натпреварот почна во егал игра на двете страни. Првиот период заврши со нерешен резултат 21-21, а по голема борба во втората четвртина гостите на полувреме заминаа со позитива од два поени 40-42.

Димитријевиќ и соиграчите заиграа одличниот во третиот период кој го добија со пет поени и пред влезот во последните десет минути имаа позитива од плус три (64-61). Во последниот период го дотолчија ривалот за конечен триумф од 86-76.

Македонскиот репрезентативец беше најдобар поединец во својот тим завршувајќи го мечот со 16 поени со шут од игра 5/9, надополнети со седум асистенции и четири скока. Мајк Тоби уфрли 17 поени. Кај поразените Никола Миротиќ уфрли 14 поени, додека со еден помалку заврши Дејвис.

Се вчитува...