Супер отворање на „Филип Втори“: Езгијан Алиоски од пенал за водство од 1-0! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација на најдобар можен начин го отвори мечот од 2. коло во Групата 4 од Д Лигата на нации поведувајќи против Ерменија со 1-0 уште во 14. минута од средбата.

По почетното тактизирање од двете страни, без изразени шанси, во 12. минута во шеснаесетникот на гостите неспретно беше соборен капитенот Горан Пандев. Главниот судија без размислување досуди пенал а Езгијан Алиоски прецизно стрелаше потоа од белата точка за наше водство….

Се вчитува...