Супер вест за Челси: Канте се врати на терените

Навивачите на Челси имаат причина за задоволство откако Нголо Канте конечно ги надмина проблемите со повредата и имаше успешен камбек на терените. Францускиот играч за врска настапи за резервниот тим на Челси против резервите на Чарлтон, минувајќи 60 минути на теренот без притоа да се пожали на било каков проблем.

Грем Потер во изјавите во изминатиот период истакнуваше дека со нетрпение го очекува камбекот на големиот борец, чие искуство ќе му биде драгоцено во наредниот период, како во битките за Премиер-лигата, така и во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Челси веднаш по репрезентативната пауза го очекуваат две средби од домашното првенство, на домашен терен против Астон Вила и Ливерпул, по што ќе следи и првиот четвртфинален меч со Реал Мадрид.

Канте ќе има нецели два месеци за да се наметне и да се избори за нов договор, ако се знае дека актуелниот му истекува на крајот од сезонава, а преговорите за продолжување беа стопирани токму поради честите повреди што ги имаше во изминатата година.

Се вчитува...