Супер-засилување за влез во елитата: Тиквеш го претстави Благоја Љамчевски

Второлигашот Тиквеш има изразени амбиции за влез во Првата лига. Откако минатата сезона не успеа и во моментот на прекинот не беше на лидерската позиција, раководството на Тиквеш уште поамбициозно се подготвува за новата сезона во Втората лига Исток. Најзвучното име кое летово дојде во Кавадарци е Благоја Љамчевски.

Тој доаѓа од Пелистер, а во минатото го носеше и дресот на Вардар. Дефинитивно ќе биде огромно засилување за Тиквеш во битката за влез во прволигашка конкуренција.

Се вчитува...