„Супермаксимална“ понуда од Сан Антонио за Каваи Ленард

Сан Антонио ќе му понуди на Каваи Ленард „супермаксимален“ договор, според кој би заработил 219 милиони долари во наредните пет сезони. „Спарси“ очекуваат наскоро да се сретнат со претставниците на Ленард и да разговараат за продолжување на соработката.

Евентуалниот ваков договор, Ленард ќе може да го потпише по 1. јули, во спротивно, летото во 2019 година ќе стане слободен агент. Сепак, единствено Сан Антонио може да му ја понуди оваа сума.

Ленард оваа сезона се бореше со мистериозна повреда поради која одигра само девет натпревари. Опоравувањето не одеше според посакуваното. Тој реши да не игра и покрај тоа што клупските лекари му дадоа дозвола. Не беше во тимот ниту за плеј-оф натпреварите поради  што односите меѓу него и клубот беа ‘заладени’.

Ако Ленард не се согласи на новиот договор, се претпоставува дека Сан Антонио ќе ја разгледува можноста за размена. Каваи Ленард има 26 години, со „спарси“ освои НБА титула во 2014 година кога беше и МВП на финалето.

Се вчитува...