Сусо донесе бод за Милан против „лацијалите“

Лацио и Милан ремизираа (1-1) во последниот меч од 24.коло во Серија А. Шпанскиот интернационалец Сусо му донесе бод на Милан на овој меч со погодокот во 85.минута од средбата.

Лацио поведе со голот на Билја од пенал во последните мигови од првото полувреме. Домашниот тим имаше повеќе од играта, создаде поголем број шанси пред голот на„росонерите“, но Донарума беше одличен во составот на Милан.

Се вчитува...