Суспендирана олимписката вицешампионка во фрлање ѓуле

Освојувачката на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Американката Равен Сандерс, доби 18-месечна суспензија поради прекршување на правилата за допинг, соопшти Американската антидопинг агенција (УСАДА).

„По обезбедувањето лажни информации за тоа каде се наоѓа три пати во период од 12 месеци, ова претставува прекршување на Протоколот за тестирање на олимписките и параолимписките движења на УСАДА и Светските атлетски анти-допинг правила. Нејзиниот 18-месечен период на суспензија започна на 15. август 2022 година, датумот на нејзиниот трет неуспешен извештај за престој“, објави УСАД. 

Сите резултати на Американката од тој датум се исто така под суспензија. Равен Саундерс ќе го пропушти националното првенство на САД во атлетика во јули, како и Светското првенство во Будимпешта во август, но ќе има право да се натпреварува на Олимписките игри во Париз следната година.

Се вчитува...