Суспензија за Крис Колман

Светскиот шампион на 100 метри, Крис Колман привремено е суспендиран поради кршење на правилата во борбата против допингот. Телото за интегритет во атлетиката (АИУ) го казни Колман бидејќи пропуштил три тестирања во последните 12 месеци што може да доведе и до подолга суспензија во траење од една до три години.

„АИУ ја потврдува привремената суспензија за Крис Колман поради кршење на антидопинг правилата“, стои во официјалното соопштение на телото за интегритет во атлетиката. 

Колман ги пропуштил тестовите во декември минатата година, како и во јануари и во април оваа година поради што се доведува во прашање неговиот настап на ЛОИ во Токио кои поради пандемијата од коронавирусот се одложени за 2021. Интересно е што Колман и минатата година пред светското првенство во Катар на кое го освои златниот медал пропушти три тестирања, но по жалба му беше дозволено да настапи, бидејќи тие три теста не биле во една година.

Се вчитува...