Сутјеска го декласира МЗТ во Никшиќ

Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром загуби убедливо (91-79) од Сутјеска во Никшиќ во претпоследното коло од регуларниот тек од првенството во АБА 2 лигата. Тоа значи дека ќе остане на третата позиција во пресрет на плејофот за пласман во елитното регионално натпреварување и ќе има меч помалку на домашен терен во дуелите со Спарс (Бих).

Избраниците на Ѓорѓи Кочов не беа на нивото на важноста на натпреварот, а тоа многу добро знаеше да го искористи мотивираниот домашен тим.

Одбраната на МЗТ беше лесно пропустлива, па дозволи во првиот период да прими 30 поени. На полувремето Сутјеска веќе водеше со 54-38 и беше јасно дека нема ништо од посакуваната победа. До крајот тимот од Никшиќ лесно го заокружи триумфот.

Никола Павличевиќ беше најефикасен во победничкиот состав со 28 поени, а Драшко Кнежевиќ дополни 19. Кај МЗТ, Андрија Бојиќ беше стрелец на 18 поени, а Џејмс Вудард уфрли поен помалку.

Се вчитува...