Фудбалската репрезентација на Македонија поведува со 0-1 на гостувањето во Астана кај Казахстан во натпревар од 4. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Двете репрезентации играат убаво и атрактивно прво полувреме во кое ние имаме водство благодарение на сувата класа која ја поседува Александар Трајковски.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Македонија донесе водство за нашиот тим со филигрански погодок во 33. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА