Сведок опиша како изгледал филмскиот напад над Месут Озил

Ѕвездата на Арсенал Месут Озил вчера беше нападнат од две лица, кои извадиле ножеви и се обиделе да го ограбат германскиот интернационалец. Ограбувачите со скутери го следеле возилото на Озил, а штом Германецот застанал тие ги извадиле ножевите во обид да го ограбат.

Еден од сведоците кои го виделе грозоморниот чин е 36-годишната Азука Алинтах која вели дека целата ситуација била многу лоша, а Озил бил тој кој што се обидувал да спаси жива глава.

„Беше многу чудно. Неговиот автомобил стоеше на улица, вратите беа отворени, а во него немаше никого. Тој беше многу уплашен. Секој би бил на негово место, кога некој би го бркал со нож. Изгледаше како да трча да спаси жива глава. Видов како втрча во ресторан со мотоциклисти кои го пратеа. Не ги симнаа кацигите и беа целосно облечени во црно. Беше многу лоша ситуација за гледање. Кој знае што ќе се случеше да успеаја да го фатат“, вели Алинтах. 

За негова среќа, за совозач го имал тимскиот соиграч Сеад Колашинац, кој бил вистински херој спречувајќи ситуацијата да излезе од контрола.

Се вчитува...