Светскиот рекордер во самоизолација во село во Кенија

Светскиот рекордер и олимпијски победник во маратон, Елиуд Кипчоге веќе три дена е во самоизолација во кенијското село Каптагат, каде е сместен по враќањето од Европа.

Кенијските власти воведоа задолжителна самоизолација од 14 дена за секој кој ќе допатува од ризичните региони.

„Во оваа изолација најтешко ми е што морам да тренирам сам, затоа што главно сум поборник за екипна работа“ – изјави Кипчоге кој води видеодневник за Би-би-си.

Досега во својата кариера Кипчоге победил на 12 од вкупно 13 големи маратони на кои настапил.

Се вчитува...