Светскиот шампион на 100 метри суспендиран поради допинг

Кристијан Колман нема да настапи на Летните олимписки игри следната година откако му е изречена двегодишна суспензија поради допинг. Американската антидопинг агенција соопшти дека Колман ги прекршил антидопинг правилата, а тоа американскиот спринтер го направил дури три пати во последната година.

Спортисти кои се од највисока категорија мора да ги пријават локациите каде ќе тренираат, престојуваат и натпреваруваат како би биле достапни за ненајавени тестови или во спротивно ќе ги чека суспензија.

26-годишникот е актуелен светски шампион на 100 метри од првенството во Доха, а освои злато и во штафетата 4х100 метри.

Се вчитува...