Светското првенство се претвори во ЕП 2018

Фудбалот е најквалитетен на Стариот континент. Барем таква е разврската на Мундијалот во Русија. По елиминацијата на Бразил, јасно е дека сите селекции во полуфиналето ќе бидат европски. Првото полуфинале е Франција – Белгија, а во текот на утрешниот ден ќе бидат познати и репрезентациите кои ќе одат понатаму од другата страна на костурот.

Во првиот четвртфинален дуел утре, силите ќе ги одмерат Шведска и Англија, а во вечерниот термин за пласман во полуфиналето ќе се борат домаќинот Русија и Хрватска. Последен пат четири европски селекции беа во полуфиналето на СП 2006, кога Италија, Франција, Германија и Португалија беа во завршницата.

Африканските селекции не ја минаа ниту првата фаза, а по четвртфиналето ќе останат само претставници од Европа на Мундијалот. Во финишот, Светското првенство ќе се претвори во ЕП 2018.

Се вчитува...