Светското првенство во атлетика одложено за 2022 година

Светското првенство во атлетика кое требаше да се одржи во Орегон, САД во следната година е одложено за 2022. година, информираа од Меѓународната атлетска аметерска федерација.

Од ИААФ ја донесоа оваа одлука поради тоа што Летните олимписки игри кои требаше годинава да се одржат во Токио се одложени за следната година.

Светското првенство требаше да се одржи во периодот од 15. до 24. јули што значи дека ќе се поклопеше со ЛОИ во Токио.

 

Се вчитува...