„Светците“ во финишот го совладаа Лион

Пари Сен Жермен продолжи со победи во францускиот шампионат, откако вечерва го совлада Лион на „Паркот на принцовите“ со 2-0. Гостите дадоа силен отпор, се држеа се до финишот, но притисокот на „светците“ сепак беше пресилен. Интересно е дека Лион си постигна два автогола, иако во акциите учествуваа Кавани за првиот, и Мбапе за вториот погодок.

Во 75.минута, Марсело си постигна автогол, откако Кавани одигра со петица луцидно, а на крајот топката заврши во мрежата на Лион. Потоа Кавани не реализира пенал, а Морел во 86.минута, по акцијата на Мбапе, си постигна уште еден автогол.

All Goals & highlights – PSG 1-0 Lyon – 17.09… by MixxiTV1Kylian Mbappe Goal HD – PSG 2-0 Lyon – 17.09.2017 by Jek09Pre

Се вчитува...