Милан го одигра најслабиот натпревар досега викендов кога загуби од Специја со 2-0. Стефано Пиоли не остава ништо на случајноста и веднаш го вклучи црвениот аларм, па закажа итен состанок за денес. Пиоли е незадоволен од пристапот и посветеноста на играчите и се надева дека по денешната средба такво сценарио нема да се повтори.
„Росонерите“ допрва ќе имаат густ распоред, па концентрацијата на клубот и играчите треба да биде на уште поголемо ниво. Веќе во четврток Милан го чека натпревар во Лига Европа, а викендов ќе се одигра еден од клучните натпревари за одлучување на титулата во Серија А. Милан ќе биде домаќин на Интер, тим кој викендот успеа да обезбеди уште една нова победа, па сега со еден бод предност го зазема врвот во Италија.
Милан по долго време го загуби првото место во Серија А и сигурно ќе биде под притисок против лутиот градски ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА