Утрово во 10 часот во Белград е убиен синот на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда Сребренко Репчиќ, Ведран. Пукањето се случило пред зграда во белградската населба Вождовац.
Кон Ведран бил истрелан рафал од пет куршуми, а синот на прославениот фудбалер починал на лице место. Напаѓачот по испалените куршуми побегнал во правец на локалниот пазар, а како што велат сведоци бил облечен во темна облека и носел спортска торба со себе. Истрагата околу причината за неговото убиство се уште е во тек. Ова не е првпат да има напад врз Ведран кој во 2015 година на истото место успеа да преживее откако исто така беа истрелани куршуми кон него.
Сребренко во кариерата четири години играше за Црвена Звезда период во кој забележа 95 настапи на кои постигна 25 гола, а имаше и еден настап за репрезентацијата на Југославија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА