Табарез ги воодушеви сите: Не драматизирајте, ова е нашата реалност!

Селекторот на Уругвај ги воодушеви сите со својата изјава по поразот од Франција во четвртфиналето на СП 2018. Призна дека Французите заслужено славеше, потенцирајќи дека никој во Уругвај не смее да драматизира затоа што ова е реалната слика за уругвајскиот фудбал во моментов…

„Не знаевме да ги искористиме проблемите на Франција кои ги имаше во играта. Тргнавме агресивно, но тие постигнаа гол и не пресекоа“ – рече Табарез и дополни:

„Нашиот сон на СП 2018 дојде до крајот, но тоа не значи дека не треба да сонуваме да ја освоиме Копа Америка. Многу одлични репрезентации испаднаа во Русија пред нас, и затоа им порачувам на сите да не драматизираат многу. Да се погледнеме сите во очи и да си признаеме дека ова е наше реално достигнување“.

 

Се вчитува...