Табарез си замина од селекторската клупа на Уругвај

Уругвај го заврши мундијалскиот пат во четвртфиналето, со поразот од Франција, а тоа беше и последен меч за селекторот Оскар Табарез на клупата на оваа селекција. Тој одлучи да се повлече од селекторската позиција.

„Мојот договор заврши со нашиот настап на Светското првенство во Русија. И одлучив да не го продолжам договорот, затоа што мислам дека така е фер. Не планирам да лобирам за да останам селектор, така само би им дал повеќе храна на новинарите за да пишуваат“, изјави 71-годишниот Оскар Табарез.

Се вчитува...