Фудбалерот на холандски Ајакс, Душан Тадиќ пред првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем, вели дека неговиот тим ќе игра како и на секое гостување, напаѓачки и без многу калкулации.
„На Ајакс не му е важно кој е противник. Ќе ја играме нашата игра. Со тој пристап одевме на сите гостувања и затоа успеавме да стигнеме до полуфиналето. Ќе се обидеме да го имаме поседот на наша страна. Ќе биде тешко против тим кој игра во Премиер-лигата, но ние знаеме само така да играме. На сите ни пораснаа амбициите. Патот до финалето ќе биде тежок, но веруваме дека можеме да стигнеме до Мадрид“, вели Тадиќ.
Првиот полуфинален меч меѓу Тотенхем и Ајакс, кој ќе се игра на новиот стадион на тимот од Лондон на програмата е вечерва со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА