Тадиќ: Заминувањето од Англија е најдобриот мој потег

Фудбалерите на Ајакс се хит сезонава во Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за добрите игри е српскиот репрезентативец Душан Тадиќ. Многумина ги изненади фантастичната игра на Србинот, бидејќи во Саутемптон немаше учинок како во холандскиот тим.

„Заминав од Премиерлигата бидејќи ако не играш за една од првите шест екипи не можеш да доминираш на натпревар. Поминуваш многу време на теренот без да ја допреш топката. Во Англија напаѓачите немаат многу заштита од судиите“, изјави Тадиќ. 

Ајакс во првиот меч од полуфиналето го совлада Тотенхем нагости со 0-1, а реваншот на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам е закажан за 7. мај, со почеток од 21 часот.

Се вчитува...