Тага во Србија: Почина Илија Петковиќ

По кратка и тешка болест денеска во Белград почина легендата на југословенскиот фудбал, поранешниот селектор на Србија и Црна Гора, Илија Петковиќ.

Петковиќ на 74 години ја загуби битката со тешката болест откако во понеделникот итно беше хоспитализиран поради проблеми со дванаестпалачното црево. Веднаш бил опериран, но не успеа да се избори со болеста. Според информациите од српските медиуми сето тоа било предизвикано и поради компликации од коронавирус на кој бил позитивно тестиран по приемот во клиника.

Ќе остане запамтен како селектор кој ја одведе Србија на Светското првенство во 2006 година.

Се вчитува...