Тајгер Вудс уапсен откако возел пијан: Се правда дека имал неочекувана реакција на лекови

Поранешниот најдобар светски голфер Тајгер Вудс повторно се најде во фокусот на вниманието на спортската јавност откако беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.

Откако беше приведен, извршен со него разговор во полициска станица, потоа е пуштен. Сепак, во отворено писмо до јавноста Вудс инсистира дека не се работи дека бил во алкохолизирана состојба, туку дека за време на возењето доживеал неочекувана реакција на лекови.

vuds

„Ја разбирам сериозноста на ситуацијата во која се најдов и ја преземам целосната одговорност. Но, сакам јавноста да знае дека во мојот случај не се работи за алкохол, туку сето тоа беше неочекувана реакција на лекови кои ги добив на рецепт. Не знаев дека таа комбинација лекови може да доведе до такво влијание на мене. Сакам да се извинам на моето семејство и пријателите поради непријатната ситуација, и да и се заблагодарам на полицијата за максималната професионалност“ – вели во своето соопштение Тајер Вудс.

Ова е втор ваков скандал во кој се наоѓа Вудс по оној во 2009 година кога исто така беше запрен во алкохолизирана состојба, а тогаш беше вплеткан и во скандал со изневерување на својата сопруга.

Се вчитува...