Тајната на Кулушевски за добрата форма: Престана со газирани пијалоци, гуми за џвакање и вежба јога

Шведскиот фудбалер со македонско потекло Дејан Кулушевски, ја откри тајната за неговата добра форма во дресот на Тотенхем и во Премиер-лигата. Кулушевски по совет на тренерот Антонио Конте, прекинал да конзумира газирани пијалоци, потоа ги исфрлил гумите за џвакање, слатките, и пие само вода и протеински пијалоци.

Исто така фудбалерот се посветил и на јогата и на медитацијата. Почнал да го прави додека бил со репрезентацијата на Шведска, а по враќањето во Лондон продолжил да го практикува.

Откако се пресели во Тотенхем, десното крило даде три гола, и забележа шест асистенции во 11 натпревари во Премиер-лигата. Во Јувентус во 20 меча имаше еден гол и три асистенции.

Лондонскиот тим се подготвува да го откупи неговиот договор од Тотенхем за 35 милиони евра.

Се вчитува...