Талески: Најтешко е кога цел натпревар бркаш резултат

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

 

По трите порази во серија во Минхен, македонските ракометари не успеаја да ја прекинат „црната низа“ ниту на денешниот дуел со Русија во „Ланксес арена“ во Келн.

„Не е сеедно дали се игра за пласман со најдобрите или пак во Президент-купот, ние за првпат не бевме дел од главната фаза и тоа си донесе свои моменти. Русија е одлична репрезентација, но мислам дека денеска моравме да бидеме подобри и да ги победивме. Бевме преопуштени, промашивме многу шутеви, а со таква игра не се победува Русија. Пресуди слабиот старт, тие стекнаа предност и го контролираа резултатот. Кога бркаш резултат цел натпревар, тогаш е најтешко“ – изјави Филип Талески.

Се вчитува...