Талески: Самите сме виновни за поразот

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Филип Талески беше разочаран по денешниот пораз од Исланд, вината барајќи ја во таборот на македонскиот национален тим, но и кај судиите.

„Разочарани сме бидејќи по  подолг период се случува да не ја минеме првата рунда. Се боревме до последната минута, но среќата, како и судиите не беа на наша страна. На крајот сепак самите сме си виновни, ако ја гледаме целата ситуација мислам дека заслужено загубивме“ – истакна Талески.

Левиот бек постигна четири погодоци вечерва, негов најефикасен натпревар на овој светски шампионат.

Се вчитува...