Тамират Тола со нов рекорд на СП до злато во САД (ФОТО)

Тамират Тола e освојувачот на златниот медал во маратонот на Светското првенство во Орегон. Етиопјанецот до златото дојде со време од 2:05.36 часа што воедно е и нов рекорд на Светските првенства.

Среброто му припадна на неговиот сонародник Мосинет Геремеу кој трката ја заврши со време од 2:06.44, а бронзениот медал го освои Белгиецот Башир Абди, кој постави време од 2:06.48 часа.

Се вчитува...