Тане Спасев со ангажман во Русија (ФОТО)

Македонија доби уште еден претставник во руската кошарка откако Локомотив Кубан го официјализираше потписот со македонскиот стратег Тане Спасев. 44-годишникот ќе го предводи вториот тим на гигантот и ќе се натпреварува во Првата руска лига.

За Спасев кој претходната сезона беше на чело на полскиот Лублиб ова воедно претставува и враќање во Русија каде претходно беше дел од стручниот штаб на Химки.

Се вчитува...