Таневски поднесе оставка во Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП останува без тренерот Александар Таневски. Младиот стратег поднесе оставка откако почувствува морална одговорност за слабата серија резултати на „лавовите“. Македонија ЃП денеска ремизираше (1-1) на гостувањето против Борец во Велес.

„Како тренер и спортска личност каква ме познаваат луѓето поврзани со фудбалот чувствувам морална одговорност за според мене неприфатливата моментална ситуација во која се наоѓа Македонија ЃП, таа не се совпаѓа со моите лични и амбициите на клубот. Поднесов неотповиклива оставка. Работев посветено, искрено и чесно, секогаш подготвен за одговорност за сопствените дела. Сакам да се заблагодарам за довербата и условите за работа кои ми беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресврт кон нови успеси кои клуб како Македонија ЃП ги заслужува“, истакна Александар Таневски.

Се вчитува...