Татабања не доаѓа во Битола – има 15 ракометари позитивни на коронавирус

Еурофарм Пелистер треба да ја стартува новата европска сезона со домашен натпревар против Татабања на 20 октомври, но тој дуел речиси сигурно нема да биде одигран поради огромните бројки на заразени ракометари од коронавирус во редовите на унгарскиот клуб.

Татабања уште пред извесно време објави дека има членови на клубот кои се позитивни на Covid-19, но претседателот Ласло Мароши денеска објави шокантни вести – од вкупно 17 ракометари во екипата дури 15 биле позитивни на последното тестирање од Covid-19.

Повеќе од јасно е дека не постои начин Унгарците со ваква бројка да пристигнат во Битола, тие веќе побарале и одлагање на натпреварот, но сега на потег е ЕХФ, дали да го прифати барањето на Татабања, или пак неодиграниот меч да го регистрира со службена победа за Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...