Таткото на Јовиќ демантира: Тој не избега од карантин, ова е срамна хајка против него

Дел од шпанските медиуми ги негираат пишувањата дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, избегал од карантин и недозволено заминал во Белград. „Ас“ тврди дека Јовиќ бил тестиран на коронавирус и бил негативен, по што добил дозвола од тренерот Зинедин Зидан да замине за Белград, притоа со конкреттни медицински насоки да биде потоа во самоизолација по пристигнувањето во Србија со приватен авион.

И неговиот татко за српските медиуми демантира дека избегал од Шпанија, а пристигнал во Белград многу пред да бидат донесени мерките од Владата на Србија.

„Ова е срамна хајка против мојот син и навлекување на гнев кон него. Тој е во Белград уште од пред неколку дена, пред Владата да ги донесе новите мерки. Лука не оди против законите, ја сака својата земја и ги почитува поставените правила. Тој е во самоизолација во стан во Белград, заедно со неговата сестра и воопшто не излегуваат освен до маркет или аптека“ – изјави Милан Јовиќ, таткото на Лука.

Се вчитува...