Таварес спречи сензација – Вајли и Бетис потклекнаа во финишот против „кралот“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли и неговиот Реал Бетис не успеаја да го искористат уморот на Реал Мадрид и да стигнат до сензација во 30. коло од шпанското првенство откако беа поразени во неизвесна завршница со 69-71.

Бетис благодарение на речиси перфектната втора четвртина која ја заврши со 20-9 имаше комотна предност која ја одржуваше и во поголемиот дел од третата четвртина, а откако Реал Мадрид успеа да го наметне своето темпо и да стигне до +11 (45-56) во последните десет минути следеше голем камбек на гостите за изедначување во самиот финиш.

„Зелено-белите“ имаа и шанса за победа на седум секунди пред крајот, но обидот на Браун при резултат 69-70 беше блокиран од страна на Таварс за 21. победа на Реал Мадрид.

Џејкоб Вајли мечот го заврши со 10 поени и реализација 5/8 од поле, а додаде и 3 скока и една асистенција.

За Реал Бетис продолжува битката за опстанок во „елитата“ на шпанската кошарка со скор од 9 победи и 21 пораз со што тимот се наоѓа на делба на местата кои водат во Втората лига следната сезона.

Се вчитува...