Тажна вест: Почина легендарниот Ото Бариќ

Почина легендарниот Ото Бариќ како последица од коронавирусот во Загреб во 87 година од животот. Од 1999 до 2001 беше на чело на репрезентацијата на Австрија. Ја водеше и селекцијата на Хрватска во периодот од 2002 до 2004 година, а беше дел со Хрватите и од Еврошампионатот во Португалија во 2004 година.

Последниот ангажман го имаше во 2007 година кога беше на чело на фудбалската репрезентација на Албанија. Во кариерата ги водеше и Динамо Загреб, Ласк Линц, Штутгарт, Штурм, Рапид Виена, Фенербахче.

Се вчитува...