Телетовиќ: Помогнете им на спортистите да освојат медали, па потоа сликајте се со нив

Големиот успех кој го направи атлетичарот од Босна и Херцеговина, Амел Тука, на Светското првенство во Доха, никого не остави рамнодушен. Поранешниот кошаркар Мирза Телетовиќ вели дека не е во ред тоа што политичарите сакаат да се сликаат со сите кои ќе направат успеси, но никаде ги нема пред заминувањето на првенствата да им помогнат.

„Амел Тука докажа дека ја сака Босна и Херцеговина и покрај тоа што системот не му помогна. Денеска сите сакаат да се фотографираат со него, но никаде ги нема да помогна. Знам како му беше, бидејќи и двајцата имавме сличен почеток. Доаѓаме од мали градови и сами се боревме да стигнеме до врвот“, стои во писмото на Телетовиќ. 

Следен предизвик на Тука е освојување на медал на Летните олимписки игри кои ќе се одржат следната година во Токио.

Се вчитува...