Темелковски од понеделник седнува на клупата на Струга

Поранешниот македонски селектор Илија Темелковски е изборот на раководството на Струга за нов тренер на оваа екипа. Ланскиот стратег Андон Бошковски ги напушти стружани за да седне на клупата на новиот прволигаш КЛ7, а од неколкуте стручњаци со кои Наумче Мојсовски контактираше, на крајот изборот падна врз Темелковски, кој последниот клупски ангажман го имаше на клупата на Работник.

Новиот тренер првата прозивка ќе ја има в понеделник, а по стартот на подготовките ќе биде утврдени кои позиции во тимот се најдефицитарни, за да бидат доведени соодветни засилувања. Акцентот повторно ќе биде на развој на домашни играчи, нешто што се најавуваше и на стартот од ланската сезона, по што се влезе во авантура со носење на интернационалци од Грузија.

Се вчитува...