Тен Хаг: Ако не ме сакаат, ќе си најдам нов клуб со кој ќе освојувам трофеи

Ерик тен Хаг триумфално ја заврши својата двогодишна авантура на чело на Манчестер Јунајтед, период во кој холандскиот стратег успеа да стигне до два трофеја, по еден во лига-купот и во ФА Купот на Англија.

Холанѓанецот во вчерашното финале на „Вембли“ славеше над шампионот Манчестер Сити, а во изјавата по дуелот не го криеше разочарувањето од односот на новата управа и неисполнетото ветување дека ќе му биде дадена шанса да остане на клупата на „црвените ѓаволи“.

„Седнав со тие луѓе на маса, ми рекоа дека вртат нов лист во клупската историја и дека ме сакаат мене како тренер за својот нов почеток. Гледам како одржуваат дел од ветувањата, ќе изградат нов тренинг-цетар, но кога станува збор за мене, очигледно нешто е променето. Ако не ме сакаат, тоа е тоа, ќе си најдам нов клуб со кој ќе освојувам трофеи како што тоа го правам целата моја кариера. Кога дојдов овде, тимот беше во хаос, успеавме да се вратиме во нормала, за две сезони игравме три финалиња, победивме на две од нив“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...