Тен Хаг: Колку пари, толку музика

Манчестер Јунајтед се наоѓа пред смена на раководството откако семејството Глејзер одлучи да го продаде клубот. За нови газди се наддаваат шеикот Јасим и Џим Ретклиф, а се додека не се постави новиот план на функционирање ќе остане неизвесна иднината на клубот.

На оваа тема сега говореше и тренерот Ерик тен Хаг. Холанѓанецот вели дека Манчстер Јунајтед е врвен клуб кој мора да се натпреварува во елитните натпреварувања и да биде најдобар во Англија, но тоа не може да го достигне доколку нема финансиска моќ.

„Единствено нешто што знам е дека Манчстер Јунајтед е еден од најголемите клубови, можеби и најголемите два во светот по бројот на фан базата. Затоа сметам дека клубот треба да се натпреварува со најдобрите на светот. Да игра во Лигата на Шампионите и да бидеме најдобар во Премиерлигата. Но, за тоа ви требаат финансии. Без нив не можете да составите тим, а на крајот на денот колку подобри играчи имате толку поголем успех ќе доживеете“, вели Тен Хаг.

Се вчитува...