Тен Хаг по неверојатниот кикс на Де Хеа кој може да чини место во ЛШ: Сакам да остане со нас и следната година

Давид де Хеа го чинеше Манчестер Јунајтед злато вредни бодови во битката за излез во Лигата на Шампионите во сезоната која следи откако во дуелот од 35. коло во Премиерлигата забележа неверојатен кикс против Вест Хем. Шпанскиот голман имаше катастрофална одбрана при обидот на Бенрама од 20 метри со која дозволи топкта да ја затресе мрежата.

По натпреварот за киксот говореше и холандскиот стратег на клупата на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг кој му даде поддршка на искусниот 32-годишен голман откривајќи дека сака да му го продолжи договорот кој истекува на крајот на сезоната.

„Сакаме Давид да остане во Манчестер Јунајтед и сакаме да го продолжи договорот. Сакаме да биде со нас и следната сезона. Тој е искусен голман кој често знае да го одбрани невозможното. Има и вакви днови, тоа е дел од играта“, вели Холанѓанецот.

За Манчстер Јунајтед ова беше втор пораз едно по друго со кој тимот сега стравува за четвртата позиција на табелата. Ливерпул е само бод зад „црвените ѓаволи“, но има и натпревар повеќе.

Се вчитува...