Тен Хаг „распали“ пред заминувањето од Јунајтед: „Овој клуб не успева само поради самонаречените експерти кои знаат само да ‘палат’ јавност…“

Манчестер Јунајтед посакува со трофеј денеска од 16 часот да ја заврши разочарувачката сезона. Во финалето од ФА Купот против Манчестер сити, „црвените-ѓаволи“ денеска на „Вембли“  ќе се обидат да донесат титула за Ерик Тен Хаг на кого тоа ќе му биде последен натпревар на клупата на тимот, без разлика на крајниот исход.

Па, очигледно, откако дозна дека секако ќе добие отказ од „Олд Трафорд“, Ерик Тен Хаг се одлучи отворено да проговори пред магазинот „VI“, не штедејќи ги ниту нереалните фанови и легенди на клубот, со „отровни стрели“ насочувајќи се и кон Гери Невил, Рио Фердинанд, Рој Кин и Пол Сколс.

„Оваа сезона беше лоша, но и покрај тоа еве ќе играме финале во ФА Купот. Но, нас навистина ни отежнуваат сите оние самонаречени експерти во Англија. Експертите сакаат само да ‘палат’ јавност. Лесно е да се критикува Манчестер јунајтед затоа што е најголем клуб во Англија и можеби најголем во светот. Овој клуб или се сака, или се мрази, не постои средина. Кога работите одат лошо, лесно е само да навредувате. Тогаш се поминува. И цела таа негативност од таканаречените експерти кои не се способни да анализираат со факти, прави да имаат добар углед во јавноста, а на клубот му штетат. Тоа се истите луѓе кои минатата сезона велеа дека сум го вратил Јунајтед на добар пат. Минатата година одев по вода, а сега сум најлошиот менаџер во Премиерлигата“ – вели Тен Хаг, и дополнува:

„Тие што очекуваа многу повеќе од нас, немаат чувство за реалност, останатите клубови имаат доста подобри тимови од нас, но имаат и навивачи и јавност која ги поддржува во секој момент“.

Тен Хаг, во секој случај, смета дека изградил многу позитивни основи за клубот за се што го очекува во иднина.

„Да бидеме искрени, Манчестер јунајтед цели 11 години не знае за титула. Ама, ништо тоа не е важно. Не е важно на какво ниво сум го затекнал клубот. Важно е дека некои медиуми и фанови очекуваат да бидеме најдобри на секој меч. А, притоа не сакајќи да се соочат со реалноста. Овој клуб се уште не е подготвен за тоа. Ние требаше да изградиме позитивна основа минатата сезона. И успеавме во тоа, но имаше многу незадоволни во опкружувањето на клубот. Велеа дека Карабао Купот, финалето во ФА Купот и третото место во Премиерлигата не биле доволни. Ете затоа клубот не успева. Поради целата негативна клима која ја создаваат самонарачените ‘легенди’ а која ја немало кога играле тие“ – вели Тен Хаг.

Се вчитува...