Тен Хаг: Забележавме дека Јувентус се исплаши и тргнавме во напад

Ајакс направи уште една голема сензација во Лигата на шампионите елиминирајќи го Јувентус со триумф (1-2) среде Торино. Тинејџерите на Ерик Тен Хаг одиграа одличен меч, не потклекнаа ниту по водството на италијанскиот првак и возвратија жестоко со головите на Дони Ван де Бек и Матијс де Лихт. Тренерот Ерик тен Хаг вели дека Ајакс го почувствувал моментот.

„Ова е голем успех на холандскиот фудбал, првпат по 1997 година Ајакс е во полуфиналето на ЛШ. Го почувствувавме моментот, забележавме дека Јувентус се исплаши и тргнавме во напад. Создадовме неколку шанси и требаше да бидеме поефикасни, побрзо да го решиме натпреварот. Сепак, е ова неверојатен успех, среќен сум за момците“, изјави Ерик тен Хаг.

Вечерва ќе бидат познати преостанатите двајца патници во полуфиналето на ЛШ, по дуелите Порто – Ливерпул (0-2) и Манчестер Сити – Тотенхем (0-1).

Се вчитува...