Тенисерите поразени од Луксембург

Тениската репрезентација на Македонија загуби од Луксембург со 2-1 во 3. европска зона во годинашното издание од Дејвис купот. Клучниот поен за Луксембург го донесе парот Кнаф/Родеш кој во игра на двојки славеше над Бугариќ/Марковски со 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.

Претходно, водство за Македонија донесе Калив Ивановски кој славеше со 2-1 по сетови, 7-6, 6-7 и 6-4 против Крис Родеш. Во вториот меч Луксембург успеа да израмни на 1-1 откако Горазд Србљак загуби од Алекс Кнаф со 2-0, по сетови 7-6 и 7-5.

Во групата Б од 3. европска зона во Дејвис купот, Македонија ќе се сретне уште со репрезентациите на Црна Гора и Молдавија.

Се вчитува...