Тенисерките убедливи и против Боцвана

Женската тениска репрезентација на Македонија стигна до втор триумф во 3. евро-африканска зона во Били Џин Кинг купот кој оваа недела се игра во главниот град на Македонија, Скопје.

По вчерашната убедлива победа над Уганда со 3-0, нашите најдобри тенисерки денеска славеа и над Боцвана со истиот резултат. Прво Магдалена Стоилковска славеше над Челси Чаканјука со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2. Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа во вториот сингл меч славеше над Екуа Јури со 2-0 (6-1 и 6-1).

Во последниот меч во двојки парот Стоилковска/Ѓорческа славеа над Чаканјука и Јури со 2-0 (6-1 и 6-0).

Се вчитува...