Тео Симиќ го растури Олимпијакос во јуниорската Евролига

Македонскиот репрезентативец Тео Симиќ продолжува со импресивните настапи за јуниорскиот тим на Барселона, предводејќи ја својата екипа до убедлива победа над јуниорите на Олимпијакос од 84-59.

Македонскиот центар мина на теренот 16 минути, но и за овој период оствари импресивни бројки, постигнувајќи 20 поени, надополнети со осум скока и една асистенција.

Симиќ и Барселона имаат скор од 2-0 по првите две кола на турнирот што се одржува во Патра, а во третото коло утре ќе се сретнат со екипата на Макаби.

Се вчитува...