Тео Симиќ заминува од Барселона!

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ летово ќе си замине од Барселона, завршувајќи ја авантурата во дресот на каталонскиот гигант.

Талентираниот центар уште пред неколку години беше желба на неколку европски гиганти, а од бројните понуди на негова адреса ја избра онаа на каталонскиот гигант, со кого потпиша договор во август 2018 година. Симиќ мина повеќе младински категории во Барса, а минатата сезона настапуваше и за Б-тимот на каталонците.

Без оглед на солидните бројки (8,5 поени и 5,4 скокови по натпревар во лигата) Симиќ сепак летово ќе ги промени клупските бои. Македонскиот центар во меѓувреме потпиша договор со менаџерската агенција „Октагон“, која во најскоро време ќе треба да му најде нов клуб на нашиот репрезентативец.

Тео Симиќ беше стандарден член на македонската репрезентација во квалификациите за СП 2023, а најдобриот настап го имаше во првото коло, кога постигна 18 поени на домашен терен против Шпанија.

Се вчитува...