Теодосиќ пред заминување од ЛА клиперс

Милош Теодосиќ се наоѓа пред заминување од ЛА клиперс откако раководството на клубот донесе одлука да го раскине договорот една година пред неговото истекување. Српскиот кошаркарски волшебник минатото лето потпиша двогодишен договор со клиперси, но тимот од Ел-Еј има можност да го раскине истиот до 15 јули, и притоа да му плати на Теодосиќ 2,1 милион долри за предвремениот прекин на соработката.

Како што јавува „Спортандо“, управата на ЛА клиперс се решава за ваков чекор за да отвори простор во селари-капот за доведување на суперѕвезда во своите редови, со надеж дека тоа ќе биде Каваи Ленард од Сан Антонио.

Теодосиќ беше најавен како големо засилување, но српскиот ас не ги оправда очекувањата поради честите проблеми со повредите, поради кои овој кошаркар пропушти 37 средби сезонава. Останува да се види дали тој ќе се реши за уште една сезона во НБА, или пак ќе избере една од неколкуте понуди што ги има од европските гиганти, кои сакаат да го видат Тео назад на евролигашките терени.

Се вчитува...